февруари 7, 2017

Охрид, 7. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Спомен домот на Прличев вчера беше промовирано адаптираното издание на Прличевата автобиографија од автрот Славе Ѓорго Димоски.

За делото говореше Проф. д-р Димитар Пандев.

– Со ова адаптирано издание на Автобиографијата на Прличев, се дава особен придонес во продлабочувањето на анализите на делото на Лавроносецот. Новото издание на Атобиографијата, е облагородено со нови сознанија и со поинаков пристап кој ќе биде поблизок до младите генерации, истакна Пандев.

Промоцијата беше во рамките на манифестацијата „ Стихови и звуци за Прличев“. Со традиционалната Прличева визита завршија годинешните чествувања во чест на преродбеникот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Ohrid.gov

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука