Охрид, 7. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 77-годишниот С.Г. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.
На 12-ти минатиот месец околу 14 часот, пријавениот со автомобил запрел малолетно лице од соседството. С.Г. разговарал со 11- годишниот малолетник, прашувајќи го за обичаите за празникот Василица.
– Потоа пријавениот го повикал малолетното лице до автомобилот кој бил паркиран до неговата гаража. С.Г. на малолетникот му покажувал списанија со недолична содржина. Потоа ја отворил вратата од гаражата прилепена до семејната куќа и го турнал малолетникот внатре, заклучувајки ја вратата. Пријавениот се обидел да оствари физички контакт со детето. Малолетникот со активен отпор, успеал да го оттурне, да ја отвори вратата од гаражата по што избегал во својот дом, соопштуваат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива