Охрид, 7. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Британската веб страница „Telegraph.co.uk“ направи најнова листа на најубавите градови во Европа, според проценките на Јапонската асоцијација на агенти за патување.
За Македонија е значајно тоа што на листата се најде градот Охрид, кој го доби 28-то место. Опишан е како град кој се наоѓа на брегот на езерото кое го носи истото име и едно од 28-те места во светот кои ги исполнуваат условите и за културен и за природен локалитет на УНЕСКО.
На прво место се најде гратчето Килкени во Ирска, додека второто место му припадна на гратчето Берат во соседна Албанија, кое е прогласено за светско наследство според УНЕСКО. На трето место се најде Сивита ди Бањореиџо во Италија кое е опишано како место во кое живеат само 10 луѓе, меѓутоа достигнува неверојатни 600.000 туристи годишно. (Крај)
извор: Телеграф фото: архива