Охрид, 8. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во полициската станица во Охрид, командирот на Територијалната противпожарна единица Охрид, пријавил инцидент.
Во гаражните простории, плочките во тоалетот, по вратите од кулата, спалната соба, тоалетото, кујната и на металните и дрвени ормани во Територијалната противпожарна единица во Охрид, непознат сторител со маркер испишал графити со недолична содржина.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 81