Охрид, 8. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, попладне од 16:00 часот, во Tino’s Pub&Bar ќе се одржи хуманитарна забава за помош на Трајан Целески – Тачо.
– Да го поддржиме нашиот сограѓанин Трајан Целески – Тачо и несебично да му помогнеме во борбата за живот. Бидете алка во синџирот на хуманоста и дојдете на хуманитарната забава на која ќе Ве забавуваат: Betty’s Boobs, Backdoor Band, Neighbours, No Fun, Balkan Jam, Дамјан Пејчиноски, Ѓоко Танески и многу други, порачуваат од Tino’s Pub&Bar.
Неодамна Тачо беше опериран во Италија, по што се чувствува многу подобро, информираат негови блиски пријатели.
Охриѓани во периодов наназад, преку бројни хуманитарни настани собираа помош за младиот спортист. Беа организирани повеќе акции, хуманитарни забави, турнири, а свој придонес дадоа голем број фирми.
Тачо боледуваше од тумор Астроцитома и сега започнува постапката за негово заздравување и враќање во нормален живот, за што исто така се потребни значителни средства. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива