февруари 8, 2017

Охрид, 8. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Истанбул, Турција на 5-ти овој месец, се одржа Меѓународен гастрономски натпревар, на кој македонскиот тим, предводен од „Гастромак“ освои бројни награди и медали.

nagradigotvenje2

Охридски готвачи од натпреварот се вратија со освоени медали во по неколку различни категории.

 vlatkonagradariba

Веќе надалеку признатиот охридски професионален готвач Влатко Ѓоргиески, кој е шеф на ресторанот во хотел „Бетон“, освои бронзен медал во категоријата за приготвување на риба.

Анастасија Чутрова од Охрид, во категоријата модерна кујна (сениори) освои бронзен медал.

anastasijacutrova

Исто така со медали се закитија уште двајца млади готвачи, кои своето образование го стекнаа во Средното Угостителско Туристичко училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид.

Кристијан Китанов од Велес, кој учеше во училиштето „Ванчо Питошески“, го покажа своето знаење и освои сребрен медал во категоријата приготвување паста (јуниори).

nagradidotvenje4

Златко Таневски, од Ресен, исто така поранешен ученик во средното охридско училиште „Ванчо Питошески“ освои сребрен медал за приготвување храна во категоријата модерна кујна.

zlatkotanevski

Останатите готвачи од „Гастромак“од другите градови, ги освоија следните признанија:

Бобан Бибилоски – модерна кујна, златен медал; Бојан Маневски – сребрен медал за приготвување јагнешко; Игор Атанасов – модерна кујна, бронзен медал; Горан Дукадиноски – модерна кујна, бронзен медал; Лирим Даути – модерна кујна, златен медал; Златко Таневски – модерна кујна, сребрен медал. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Перчо Божиновски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука