Струга, 8. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Голем пожар избувнал синоќа пред 19:00 часот во дрвена барака во близина на струшки „Еурохотел“.
Порталот ОхридНет јави дека пожарот бил забележан од граѓани кои на крај езерската патека пред хотелот се рекреирале и веднаш пријавиле во противпожарната единица во Струга.
– Пожарникарите за кратко време стигнаа пред хотелот и веднаш започнаа со гаснење и локализирање на пожарот во дрвената барака. Спречено е ширење на пламените јазици кон хотелот и на вегетацијата, велат од струшката противпожарна единица.
Додаваат дека во пожарот изгорела дрвена барака и дека предизвиканата материјална штета изнесува околу 2.000 евра. (Крај)
извор: ОхридНет фото: архива
Прочитано: 30