февруари 8, 2017

Охрид, 8. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес градот Охрид доби единствен продажен објект – Home Center на компанијата „Атва“.

IMG_8168

– Овој продажен салон се простира на околу 600 м2 и во својата понуда има широк асортиман на домашни и странски производители и тоа по најповолни цени во градот. Ги повикуваме сите граѓани на Охрид да уживаат во купувањето и да ги искористат многубројните акции, намалувања и попусти, вели Воислав Силјановски, извршен директор на компанијата „Атва“.

IMG_8169

Ова е деветти продажен салон на фирмата „АТВА“ од Кичево, која постои на пазарот 23 години.

IMG_8170

Охриѓани ќе имаат можност да уживаат во купувањето и во постојаните акции, промоции и понуди.

Салонот нуди опрема и облека за бебиња, детски играчки, школски и канцелариски прибор, постелнина, чаши, садови, украси, голем избор на алати, маси, столици.

IMG_8171

Објектот се наоѓа на улицата „Дејан Војвода“ број 2, позади „Охридска банка“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука