февруари 9, 2017

Охрид, 9. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претставата „Детектор за лаги”, повторно ќе биде поставена на репертоарот на Охридскиот Народен театар во сабота, 11-ти февруари.

„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски. Препорачана возраст за следење на претставата е 15 години.

Билетите се во продажба на билетарата на Центарот за култура по цена од 200 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука