февруари 9, 2017

Охрид, 9. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е пријавувањето за престојното Талент Шоу-то Ohrid SUPERSTAR, кое ќе трае до крајот на месецов.

Организаторите утре на прес конференција ќе ги соопштат деталите за настанот. Прес конференцијата ќе се одржи утре во Бистро Корнер со почеток во 11:00 часот.

– Уште пред самиот почеток интересот е огромен. Пријавувањето ќе трае во текот на целиот месец февруари, по што ќе започнат и претставувањата и селекцијата на кандидатите. Ние ги охрабруваме сите кои сакаат да бидат дел од ова шоу да се пријават. Возраста не е важна, може да се пријават сите заинтересирани од 7 до 77 години, треба само желба и талентот кој сакате да го покажете пред јавноста, потсетуваат организаторите.

superstarprijavuvanje

Сите заинтересирани ќе можат да добијат дополнителни информации и на официјалната страна на Facebook, а својот талент ќе го пријавуваат на маил адресата: [email protected] на која треба да достават основни информации (CV) и секако информација за својот талент со кој се пријавуваат.

Организаторите деновиве на посебна прес конференција ќе соопштат повеќе детали за настанот.

Носители на проектот се Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети. Главен медиумски партнер е регионалната О2 телевизија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука