Скопје, 9. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со предистражна постапка која се води во ова Јавно обвинителство, во СВР Охрид се повикани повеќе лица во својство на сведоци да дадат искази за околностите во врска со истата постапка, информираат од СЈО.
– Согласно Кривичниот законик секој вид на влијание врз сведоците е кривично дело, а лицата кои се повикани како сведоци се должни да се јават на поканата и да помогнат со своите искази во утврдување на фактите за кои е поведена секоја предистражна или истражна постапка. Ова јавно обвинителство се оградува од секакви политички шпекулации и потенцираме дека својата службена должност јавните обвинители во ова Јавно обвинителство ја вршат согласно законот во насока на утврдување на вистината во постапките кои се водат, објавија на официјалната страна од Специјалното Јавно Обвинителство.
Пред објектот на СВР Охрид денес протестираа членови на ВМРО-ДПМНЕ поради повикувањето на околу 200 нивни функционери од Охрид на распит во СЈО, како дел од предистражна постапка за финансирањето на изборите во 2014 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива