февруари 10, 2017

Берлин, 10. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Извлечени се паровите за четвртфиналето во германскиот Куп, каде највозбудлив се очекува да биде натпреварот помеѓу Баерн Минхен и Шалке.

Борусија Дортмунд ќе гостува кај нисколигашката сензација Лоте, Хамбургер ќе игра против Борусија Мехенгладбах а последниот четвртфинален пар е Ајнтрахт Франкфурт – Арминија Билифелд.

Мечевите ќе се играат на 28 февруари и 1 март, а финалето во мај ќе се одигра на „Олимпискиот стадион“ во Берлин. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука