февруари 10, 2017

Охрид, 10. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фото клубот „Охрид“ на 14-ти февруари, вторник, за празникот Свети Трифун, ќе организира изложба на фотографии на свои членови.

Изложбата ќе се одржи во винаријата „Мал Свети Климент“ со почеток во 19 часот. Свои фотографии ќе изложат членовите на клубот – Марија Савеска и Дарко Бошнакоски.

Од клубот ги покануваат сите љубители на уметничката фотографија и виното, да дојдат на изложбата.

Воедно, во овој период, се врши прием на нови членови. Фото клубот секоја среда одржува состаноци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука