Гелзенкирхен, 10. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот на Шалке 04, Сеад Колашинац, иако се споменува како потенцијален заменик на Патрис Евра во Јувентус, по се изгледа кариерата нема да ја продолжи во Серија “А”.
Весникот “Билд” тврди дека левиот бек одлучил да остане во Гелзенкирхен до крајот на сезоната, а потоа најверојатно ќе премине во Челзи.
Според весникот Колашинац имал и други понуди, но најголем фаворит за неговиот потпис се “сините” од Лондон каде ќе оди како длободен играч, бидејќи неговиот договор со Шалке истекува ова лето. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18