Охрид, 10. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41 – годишниот охриѓанец А.И. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „оштетување или повластување на доверители”.
Во 2013 година, за правниот субјект „Рома Славица“ каде пријавениот бил управник, бил отворен стечај. Пријавениот А.И. знаејќи дека правното лице станало неспособно за плаќање а со цел да ги оштети доверителите на фирмата, како физичко лице ги оттуѓил материјалите и целокупната стока со која располагала фирмата. Со тоа се стекнал со противправна имотна корист, оштетувајќи ги доверителите РД ПТУ „Таири Петрит“, ПЕ „Ком2“ ДООЕЛ Струга, во износ од 3.574.107 денари. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 42