Охрид, 11. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поднесена е кривична пријава против Б.И.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба” и „лажно пријавување”.
На 19-ти и 21-ви декември минатата година, пријавената отишла пред ресторанскиот дел од кабаре „Астор“ лоциран во населбата Бејбунар-Охрид, сопственост на А.Ф. од Охрид и со клучот кој само таа го поседувала ја отклучила вратата од ресторанскиот дел. Одзела два звучници, појачало, апарат за мраз. Скопјанката не била исплатена за сработеното, а предметите ги продала на непознато лице.
На 22-ри декември лажно го пријавила делото „тешка кражба“.
Пријавената се стекнала со противправна имотна корист во висина од 20.000 денари. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 24