Охрид, 12. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младинската екипа на Ракометниот клуб „Охрид“ и Ракометниот клуб „Лихнид“, денес ќе играат хуманитарен натпревар со екипата на РК „Филип Вардар“ во машка и женска конкуренција.
Ракометарите на својот другар и спортист Тачо, му посакуваат брзо заздравување.
Средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат донирани на сметка на младиот спортист Трајан Тачо Целески, кој беше опериран во Италија, а сега е во фаза на заздравување и рехабилитација.
Натпреварот ќе се игра денес од 16 часот во спортската сала „Билјанини извори“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24