февруари 11, 2017

Монако, 11. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Манчестер Јунајтед и Барселона во летниот преоден рок ќе се обидат да дојдат до потписот на 22-годишниот фудбалер на Монако, Бернардо Силва.

Според медиумите интересот кои Јунајтед и Барселона го покажуваат за фудбалерот кој е продукт на школата на Бенфика е огромен.

Бернанрдо Силва, во 2014 година како позајмен играч од Бенфика пристигна во Монако, а една година подоцна францускиот клуб го откупи неговиот договор за 15,7 милиони евра. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука