февруари 12, 2017

Лондон, 12. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Иако Манчестер Јунајтед во моментов е на шестото место во Премиер лигата и годинава игра во Лига Европа а не во ЛШ, тоа воопшто не влијае на неговата популарност во светски рамки.

Според последната статистика од 2016 година, англискиот гигант продава најмногу дресови на планетата.

Во 2016 година, Јунајтед продал 2,85 милиони дресови ,Реал Мадрид е на второто место но со 600.000 помалку продадени дресови, а трета е Барселона со 1,98 милиони продадени дресови. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука