Скопје/Охрид, 11. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за образование и наука продолжува со стипендирањето на студенти, каде се нудат повеќе од 40 различни видови на стипендии.
За Охрид, актуелни се стипендиите за студирање на Филмската академија. Исто така, има поддршка за средношколците запишани на Спортската академија во Охрид, стипендии за ученици кои реализираат наставни програми од угостителско – туристичката струка, стипендии за ученици со посебни потреби и ученици – деца без родители.
За сите можности за стипендирање на образованието, учениците и студентите навремено можат да се информираат преку специјализирана страница на Министерството за образование и наука – stipendii.mon.gov.mk, каде веќе неколку години по ред, редовно се објавуваат конкурси во кои се наведени начините, роковите и условите за аплицирање. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива