Охрид, 12. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Драстично опаѓа бројот на заболени од грип.
Според најновите податоци од Институтот за јавно здравје минатата недела биле пријавени 563 случаи на грип, споредено со последната недела од декември кога за една седмица беа пријавени околу 9.500 лица со симптоми на оваа болест.
Сеуште во Охрид има највисока бројка на заболени од грип споредено со другите градови, но полека ситуацијата се стабилизира. Исто така голем е бројот на заболени и во Прилеп, Струмица и Куманово.
Епидемиолозите велат дека сезоната на грип не поминала. Колкав ќе биде интензитетот на тој бран многу е тешко да се прогнозира, потенцираат од Институтот за јавно здравје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25