Охрид, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Оваа недела во Охрид ќе се одржува Обука на тема: „Обука на обучувачи – Слобода на изразување од чл.10 од Европската конвенција за човекови права“.
Настанот е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Советот на Европа.
Обуката ќе се одржи од утре, 14-ти до 17-ти февруари во Хотел Милениум, Охрид. (Крај)
извор: Правдико фото: архива
Прочитано: 30