Охрид, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Oваа година се бележи јубилеј од една деценија на Британската противпожарна асоцијација „Операција Флориjан“ кои работат во Македонија.
Значаен дел од активноста на „Операција Флориjан“ во Македонија е партнерството со Црвен крст во Охрид. „Операција Флориjан“ пред неколку години донираше два спасувачки бродови. Во неколку наврати организираше обуки за волонтери на Црвен крст за спасување на вода и за работа со спасувачките бродови.
Волонтери од „Операција Флориjан“ изминатиов период обучиле вкупно 250 пожарникари за гасење пожари во урбани средини. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 36