Скопје/Охрид/Штип, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според ревизорите, досега се платени 17 милиони евра повеќе за негативни курсни разлики, врз основа на начинот на кој бил склучен договорот со кинеската банка за изградба на автопатиштата Кичево – Охрид и Миладиновце – Штип, пренесува Мета.
Кинескиот кредит со кој се градат автопатиштата е во вкупен износ од 580 милиони евра.
Изградбата на автопатиштата Кичево – Охрид и Миладиновце – Штип, што се градат со кинески кредит, нема да заврши навреме. Крајните рокови – април 2017 година за автопатот Миладиновце – Штип, односно крајот на јануари 2018 година за Кичево – Охрид, ќе бидат сериозно пробиени, констатира Државниот завод за ревизија.
Делницата на автопатот во западниот дел од земјава е со должина од 57 километри и е со првична вредност од 374 милиони евра.
Државиот завод за ревизија, по увидот во документацијата за текот на градежните работи, но и во делот на финансиите утврдила дека, изградбата на автопатиштата се одвива со бавно темпо, односно има доцнење како во делот на градежните работи, така во делот на финансиската реализација. (Крај)
извор: Мета фото: архива