февруари 13, 2017

Охрид, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младиот музичар гитарист од Охрид, Мартин Милески сними ново видео со кавер верзија на песната „If Tomorrow Never Comes” на Ronan Keating.

Милески членува во неколку локални поп-рок бендови, а во охридскуте локали настапува и соло. Познат е по своите преработки кои ги објавува на интернет каналот Јутјуб и социјалните мрежи.

Мартин најавува дека посветено работи на авторска музика, а неговите песни ќе се најдат на албум. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

https://www.youtube.com/watch?v=oR6usjrkKH8

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука