февруари 13, 2017

Скопје, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти февруари во Скопје за прв пат доаѓа техно великанот, шпанскиот суперстар диџеј Пако Осуна.

Пако е еден од најбараните и најреспектираните светски диџеи во моментов, а свој диџеј сет ќе има во „Вип Арена Борис Трајковски“.

Како македонска поддршка пред Осуна ќе настапи диџеј Никифор, а од „Сан продукција“ ветуваат и најдобар саунд систем, ласер шоу, лед скринови и многу повеќе за одлична забава на светско ниво.
Карти за настанот може да се набават во „Пола Југотон“ по цена од 500 денари и на продажните места на kupikartizase.com.

Забавата ќе започне во 22:30, а ќе трае се до раните утрински часови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука