Економија Избор Охрид

Утре бесплатно возење „Од Citroën со љубов“ – Love TAXI со Citroën

Охрид, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре Inside Auto, охридскиот дилер на возилата на Citroën организира целодневно бесплатно такси-возење со Citroën C4 Cactus под слоганот „Од Citroën со љубов“.

– Нашата екипа составена од два члена кои ќе возат посебно брендиран Citroën C4 Cactus во текот на целиот ден бесплатно ќе ги пренесуваат сите вљубени во градот. Екипата на Супер радио ќе ги информира слушателите каде во моментот е слободно „вљубеното такси“ на Inside Auto. Ќе Ве пренесеме до Вашата сакана или сакан и заедно ќе ги изненадиме за Денот на вљубените, односно Денот на Св. Трифун. До вторник смислете убаво изненадување за вашите најсакани, а во вторник побарајте го Вашето Love TAXI. Имаме и слатки подароци за сите кои ќе се возат со нас и многу забава, порачуваат од Inside Auto.

Акцијата ќе започне од 11:00 часот. Слушателите на Супер радио треба да следат радио за да знаат каде во моментот е слободно „вљубеното такси“ на Citroën и секако да следат на социјалните мрежи каде ќе има супер селфи фотки и незаборавни моменти за вашите најмили.

– Посебно брендираниот Citroën C4 Cactus, за кого велат дека е веројатно најнапредниот автомобил кој го произвел Citroën после подолго време Ве очекува во вторник, велат од Inside Auto, охридскиот дилер на возилата на Citroën.

Неодамна од Inside Auto организираа интересна акција за потенцијалните купувачи на Citroën наречена „Овој човек има стил, вози Citroën“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука