Охрид, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Маја и Александар Кироски денес ќе уживаат во „Совршениот ден“, кој за нив, во чест на празникот Св. Трифун и Денот на вљубените, 14-ти февруари го орханизираат охридските „Тамаро“ маркети и „Тиквеш“.
– Оваа година, како што доликува, каде што е љубовта, таму е и чашата убаво вино. Заедно со нашите пријатели од „Тиквеш“ организираме „Совршен ден“ за еден пар вљубени од Охрид или Струга. Традиционално, имаме богати награди и патување до винаријата „Тиквеш“, со прошетка низ винаријата и специјално приготвен ручек од Шеф куварите за добитниците, залиени со вкусно „Тиквеш“ вино и многу изненадувања, порачуваат од „Тамаро“ маркетите.
Светлана и Христијан Аврамоски минатата година имаа навистина ден за паметење и беа „Совршениот пар“, кој за Денот на вљубените имаше „Совршен ден“, овозможен од „Тамаро“ маркетите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива