Охрид, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Извидничкиот одред „Пионер“, започна првото коло од втората сезона на проектот „Училишни игри без граници“.
Оваа сезона игрите започнаа во ОУ „Христо Узунов” чија екипа во изминатата сезона го освои првото место, по што активностите продолжуваат да се реализираат во останатите основни училишта.
Подобрите екипи од ова коло ќе имаат можност да се надигруваат со своите врсници од другите општински училишта, се до финалето кое и оваа година ќе се одржи во месец мај, со самото завршување на школската година.
„Училишните игри без граници“ во охридските училишта се реализираат веќе втора година по ред. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ohrid.gov
Прочитано: 24