Охрид, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По вечерната богослужба во чест на празникот Св. Трифун, денес свечено ќе биде ставено во употреба новото осветлување во црквата Св. Богородица Перивлепта.
Иницијатор на акцијата е Лајонс клубот „Лихнидос“, а донатор на осветлувањето е фирмата ДАСС Инженеринг од Охрид.
Минатата година заврши процесот на возобновување на фрескоживописот на оваа црква. Проектот овозможи целосна рехабилитација на манастирскиот комплекс, кој е еден раритетен пример на нашата сакрална архитектура. Целиот процес траеше седум години, период во кој се заштити првото автентично дело на зографите Михајло и Ефтихие, уметничка творба која е предмет на меѓународни проучувања и докторски дисертации на еминентни универзитети во светот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива