Париз, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По пауза од два месеци од денеска продолжуваат возбудувањата во најелитното европско натпреварување ,Лигата на шампионите.
Првите натпревари од осминафиналната програма вечерва ќе ја отворат дуелите Бенфика-Борусија Дортмунд и ПСЖ-Барселона.Утревечер ќе се одиграат две големи дерби пресметки. Главниот меч се игра во Минхен каде Баерн го пречекува Арсенал, но огромно внимание предизвикува и пресметката помеѓу Реал Мадрид и Наполи.
Следниот вторник Манчестер Сити ќе го пречека Монако, додека Атлетико Мадрид ќе му гостува на Баер Леверкузен.
Првите осминафинални дуели ќе се комплетираат следната среда со дуелите помеѓу Севиља-Лестер и Порт-Јувентус.
Во пресрет на овие дуели УЕФА и компанијата Адидас ја промовираа топката со која ќе се игра финалето во сезоната 2016/17.Финалниот меч оваа сезона ќе се одигра во Кардиф, на 3.јуни. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива