Охрид, 15. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Институтот за економско истражување и политики Finance Think од Скопје, денес во Охрид ќе организира тркалезна маса „Секој може и има право да биде вработен“.
– Ќе се дискутира за проблемите и можностите за вработување на жителите на Охрид. Учеството на настанот е бесплатно и може да присуствува секој заинтересиран. Пред присутните ќе се обратат: Наташа Павиќевиќ Стојменовска од Finance Think, Димче Каневче од Младински Совет од Охрид, Павлина Пероска од ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа – Охрид и Маја Ташева Биткоска од охридскиот Центар за вработување, информираат организаторите.
Тркалезната маса ќе се одржи во хотелот „Ројал вју“ со почеток во 12:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива