Охрид/Скопје, 15. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Управата за јавни приходи апелираат граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот, 15-ти март, за поднесување на Годишна даночна пријава.
Како и секоја година, поради практиката на граѓаните да поднесуваат пријава во последните денови од дадениот рок, службениците се соочуваат со зголемен обем на работа и метежи на даночните шалтери.
Од УЈП додаваат дека заклучно со 13-ти февруари, 51.616 граѓани од целата држава ја исполнија својата даночна обврска. Во наредниот период се очекува уште над 350 илјади даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП, односно обврзниците кои во изминатата 2016 година освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и други дополнителени приходи.
Годишната даночна пријава може да се поднесе и по пошта, а доколку обврзникот е регистриран корисник на е-Даноци, може да ја поднесе пријавата по електронски пат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива