февруари 16, 2017

Охрид, 16. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските комичари и стенд-ап артисти Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски продолжуваат со нови скечеви во рамките на серијалот „2 Mamas Bros“.

Продолжението на серијалот скечеви , како што велат актерите, е со цел да се збогати месец февруари со настани.

– Едно од правилата кога си во војна е да го познаваш непријателот подобро отколку самиот тој, со цел полесно да го совладаш. Со таа цел тимот на 2MБ изврши целосно скенирање и дојде до заклучок дека нашиот непријател е вториот месец во годината, кој иако најмал знае да биде доста мрзелив, иритирачки и летаргичен, велат актерите.

Прикажувањето на новата епизода од кабарето ќе биде со сабота, 18-ти февруари, во подсценскиот простор на Народен Театар Охрид со почеток во 20:00 часот.

Продажно место за билети е Музичката продавница Зи Зи Топ. Влезниците се по цена од 150 денари, а во сабота ќе бидат 200 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука