Скопје, 16. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија се најде во категоријата на претежно економски слободна држава во Европа, според Индексот на економски слободи, кој го направи американската фондација „Херитиџ“.
Македонија е рангирана на 31-во место.
Извештајот покажува значително искачување на Македонија во рок од една година, од 47. на 31. место, додека оцената е подобрена на 70,7 поени, односно за 3,2 поени повеќе од лани.
Првите пет места во категоријата на целосно економски слободни земји ги имаат Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарја и Австралија.
Од земјите во регионот, Косово е на 46-то место, Бугарија 47-ма, Албанија на 65-то место, Црна Гора на 83-то, Босна и Херцеговина на 92-то место. Грција е 127-ма.
Последни на листата, од 178-мо до 180-то место се Куба, Венецуела и Јужна Кореја. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива