Охрид, 16. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Лицето Д.Ѓ., 48-годишен, од охридското село Лескоец, кој е свештеник во манастирот „Св.Врачи“ во селото Опеница, пријавил тешка кражба во конаците на манастирот.
Сторителот насилно ги отворил влезните врати од три соби од конаците на манастирот. Од една од собите одзел црна кожна чанта во која имало пиштол марка „Црвена Застава“, околу 50 куршуми и дозвола за оружје. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 52