Скопје/Охрид/Струга, 17. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Друштвото на писателите на Македонија, вчера одбележа 70 години постоење. Друштвото има 540 членови, а од нив триесет членуваат повеќе од половина век.
Меѓу нив се охридскиот писател Видое Видически и струшкиот писател Јован Стрезовски.
Меѓу останатите членови се писателите: Матеја Матевски, Цане Андреевски, Методија Фотев, Милан Ѓурчинов, Илхами Емин, Благоја Иванов, Влада Урошевиќ, Јован Павловски, Георги Сталев, Оливера Николова, Радован Павловски, Душко Родев, Георги Старделов, Божин Павловски, Михаил Ренџов, Фахри Каја, Миле Неделкоски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Владимир Костов, Луан Старова, Ристо Јачев, Иван Ивановски, Нусред Дишо, Трајан Петровски, Стојан Тарапуза, Иван Чаповски, Александар Поповски и Милан Терзовски.
ДПМ по повод својот роденден изложи избор од десетиците книги на овие писатели затоа што нивните естетски дострели, како што посочува, претставуваат константа на богатиот и буен развој на современата македонска литература.
Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година.
На свеченоста беа врачени наградите „Ацо Шопов“, „Стале Попов“, „Димитар Митрев“ и „Ванчо Николески“ за најуспешни книжевни дела во 2016 година, на писателите Гордана Михаилова-Бошнакоска, Лилјана Пандева, Кристина Николовска и Александар Поповски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива/Публицитет.мк