Скопје, 18. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на бендот RePlay за нивната песна „Така случајно“, која беше снимена на крајот на минатата година, направија стиховно видео.
Членови на бендот се Никола Велиновски – Црни (вокал) и Столе Коцев (саксафон).
Токму овие момци, деновиве ја промовираат нивната нова песна, направена во соработка со Бојан Трајковски од Eye Cue. Музиката, текстот и аранжманот на песната се токму на Бојан, а снимена е во Music House. За видеото се погрижија од тимот на Inovativa Group.
– Во нашата нова песна направивме спој на звуците од гитара и саксофон покажувајќи ја уште еднаш милозвучната и заводлива страна на македонската поп-музикa. Песната е со брзи елементи, невообичаена и искрено се надеваме дека ќе стане дел од музичкото секојдневие на нашата публика, која редовно е со нас на нашите настапи, велат момците од RePlay.
Пред извесно време момците кои направија интересна преработка на „Туѓа си бескрајно“, хитот на Ефто Пупиновски. Како што најавуваат младите музичари, наскоро ќе изненадат со уште една преработка на хит од 90-те години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива