Њу Орлеанс, 18. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тимот на светот ги победи САД со 150-141 на првиот натпревар од All Star викендот одигран ноќеска во Њу Орлеанс, мечот на младите ѕвезди на НБА.
Натпреварот беше исклучително атрактивен, за МВП беше прогласен играчот на Денвер Нагетс, Џамал Мари кој постигна 36 поени и 11 скока.Во селекцијата на САД, најдобар беше Френк Камински со 33 поени,а Таунс реализира 24 поени и 11 скока.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=372&v=sokLYpw1w-M
Вечерва на програмата се натпреварувањата во шутирање тројки и забивање. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 23