февруари 18, 2017

Охрид, 18. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бизнис-конфедерацијата на Македонија ѝ ја додели „Меѓународната награда за општествена одговорност“ на Охридска банка Сосиете Женерал за концептот „План за стан“, категоризирајќи го како проект од општествен интерес кој има придонес кон пазарот и клиентите.

Концептот „План за стан“, со вклучено кредитно животно осигурување, Охридска банка Сосиете Женерал го претстави на почетокот од минатата година, со цел да им обезбеди на клиентите уникатен производ на станбен кредит кој се одликува со најдолг временски период на гарантирана каматна стапка, транспарентност и безгрижност, бидејќи клиентите со сигурност го знаат износот на својата месечна рата.

– Нѝ претставува чест и задоволство што, покрај признанијата од страна на клиентите, и институциите во државата ги препознаваат заложбите на нашата банка во развојот на производи и услуги кои во целост ги задоволуваат барањата и потребите дури и на најспецифичните категории клиенти. Со концептот „План за стан“ со кредитно животно осигурување, клиентите точно го знаат износот на месечната рата, без ниту едно изненадување во иднина или скриен трошок. Уверени сме дека создадовме портфолио кое дури и на најколебливите клиенти ќе им ја олесни одлуката за долгорочно планирање и обезбедување сопствен дом, со оглед на тоа што сигурноста, стабилноста и транспарентноста се клучни при купувањето на сопствен дом. Уште една потврда за нашата посветеност кон клиентите е дополнителното кредитното животно осигурување со кое, во случај на немил настан, клиентите добиваат дополнителна сигурност и финансиска поткрепа на семејството, изјави Бранка Павловиќ, Претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите, кои ќе аплицираат за станбениот кредит „План за стан 2030“, да изберат меѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44 % годишно од износот на кредитот или целосниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85 % годишно од износот на кредитот.

Ова е втора награда што Охридска банка Сосиете Женерал ја добива за своето општествено одговорно работење. Во 2015 година, Охридска банка Сосиете Женерал ја освои наградата за општествена одговорност во категоријата Односи на пазарот за проектот „Осигурување на кредитни и дебитни картички“. (Крај)

извор: Бизнис Инфо фото: Бизнис Инфо

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука