февруари 18, 2017

Нант, 18. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Француските медиуми јавуваат дека капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров во следните две сезони ќе го носи дресот на францускиот Нант.

Најдобриот десен бек во светот потпишал двегодишен договор со учесникот во ЛШ и на истекување од договорот со Барселона се решил за нов предизвик во кариерата.Тој заминува од каталонскиот клуб по четири сезони со освоени сите можни трофеи и соборени рекорди.

Екипата на Нант со Лазаров започнува градење на тим кој ќе се обиде да им се парира на ПСЖ и Монпеље и да успева во замислата ,секоја година да биде дел од Лигата на шампионите. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука