февруари 18, 2017

Милано, 18. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Првите луѓе на Интер пред неколку денови најавија дека во летниот преоден рок ќе ги исполнат сите трансфер желби на тренерот доколку обезбедат пласман во ЛШ следната сезона.

Интер неколку сезони не настапува во ЛШ, а главна цел на овој тим е наредната година да заигра во ова елитно натпреварување.Раководството најави неколку големи засилувања, а едно од нив би требало да биде Рикардо Родригез од Волфсбург.

Родригез наводно ги одбил Арсенал, ПСЖ и Марсеј затоа што сакал да игра во екипата на Интер.Откупната клаузула изнесува 22 милиони евра додека италијанскиот тим сака да понуди 15 милиони евра за него. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука