Минхен, 19. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен е заинтересиран за ѕвездата на Торино и италијански репрезентативец,Андреа Белоти.
Белоти оваа сезона игра одлично во дресот на Торино и на 24 меча постигна 19 гола, а Карло Анчелоти многу ги цени неговите квалитети.
Актуелниот договор на Белоти со Торино е до 2021 година и има „висока“ откупна клаузула од 100 милиони евра.Раководството на баварците е подготвено да понуди 60 милиони евра, сума која се претпоставува дека ќе ги задоволи апетитите на „биковите“. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 12