Мадрид, 19. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Хамес Родригез ги дематира шпекулациите, дека поради малата минутажа која ја има во Реал, по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
На почетокот на неделата неколку медиуми во Шпанија објавија дека Колумбиецот сака да се пресели во Баерн Минхен, кај Карло Анчелоти.Оваа вест веднаш покрена лавина на шпекулации, но сега Хамес Родригез истакна дека после долго размислување заклучил дека Реал Мадрид е вистинскиот клуб за него.
Хамес Родригез оваа сеозна има одиграно 20 натпревари за Реал, но на само четири започнал во стартниот состав. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 15