Манчестер, 19. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Неколку англиски медиуми најавуваат дека Вејн Руни се посериозно ја разгледува можноста до крајот на овој месец да си замине од Манчестер јунајтед.
Капитенот на „црвените ѓаволи“ не е дел од плановите на Жозе Мурињо и откако продолжи да ја грее клупата на Јунајтед сега Руни почна да размислува за што поскоро заминување од „Олд трафорд“.Неколку кинески клубови во изминатите месеци му нудеа вртоглави суми да се пресели на далечниот исток,но неговиот одговор досега беше негативен.
На Руни ќе му биде понудена плата од 36 милиони евра по сезона во следните три години сума што е доволна за да се убеди англичанецот на ваков трансфер. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18