Охрид/Струга/Македонски Брод, 19. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кристи Рејчел Магно – Трајкоски од градот Кезон, Филипини, живее во Македонски Брод со нејзиниот сопруг Бојан, со кого заедно работела на брод.
На секој странец што би дошол во Македонија, би му препорачала да го посети Охрид, но и Македонски Брод, бидејќи, како што вели Кристи, е мирен град со чист воздух.
– Во Македонија има многу убави места што би ги препорачала на сите кои доаѓаат тука. Се разбира, прво Охрид, убав туристички град, потоа Струга, има и планински места што се прекрасни во зима, а јас ќе го препорачам и нашиот Македонски Брод, кој е мирно место за живеење, издвојува Кристи.
Таа е македонска снаа, која од љубов кон Македонија, научила течно да зборува и пишува македонски јазик. Ја сака македонската кујна и приготвува многу македонски специјалитети. (Крај)
извор: Start.mk фото: Република