февруари 18, 2017

Охрид/Скопје, 18. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници за долгови доспеани до 31-ви октомври 2016 година и неплатени до 31-ви јануари годинава по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Во 50-те најголеми должници се пет фирми од Охрид. Подолу на листата се уште 20-на охридски компании.

Листата се однесува на оние долгови, чиј вкупен износ е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата е објавена на страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука