Скопје/Охрид, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Асоцијацијата на туристички водичи и швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост утре во Скопје ќе го промовираат првиот дигитален регистар на квалификувани туристички водичи во Македонија.
Промоцијата ќе се одржи со почеток во 11 часот во Музеј на македонската борба.
За проектот ќе говорат Елена Иванова, менаџер на секторот туризам во Програмата за зголемување на пазарната вработливост и Бранко Босилков, претседател на Асоцијацијата на туристички водичи на Македонија.
Утре се одбележува 21-ви февруари, Денот на туристичките водичи. На локално ниво, Здружението на туристички работници „Кеј“ од Охрид ќе одржи работен состанок за актуелните проблематики во дејноста туристички водич. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива