февруари 20, 2017

Скопје/Охрид, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, информира дека од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати ќе се намалат во просек за 0,09%.

Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат на исто ниво; ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по цена од 66,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит и изнесува 52,50 ден/лит.

Исто така има намалување и кај цената на екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се намалува за 1,00 ден/лит и ќе изнесува 41,00 ден/лит.

Новата поефтина цена на мазутот М-1 НС ќе изнесува 27,498 денари за килограм. (Крај)

извор: erc фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука