октомври 23, 2014

Охрид, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Две возила на Охридската територијална противпожарна станица, околу 14 часот и 40 минути се упатија на терен, откако претходно добиле повик за пожар на улицата „Галичица“.

Како што дознаваме, се работи за пожар кој избил во стан од зграда на улицата „Галичица“. Според наши извори, се работи за пожар кој настанал најверојатно поради презагреан бојлер.

Засега нема информација за настаната штета.

Супер радио/А.Р.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука